Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир, пионерите на Вардар ги учеа РК Аеродром да “бројат“ до 47
Момците на Будимир, пионерите на Вардар ги учеа РК Аеродром да “бројат“ до 47

Момците на Будимир, пионерите на Вардар ги учеа РК Аеродром да “бројат“ до 47

Денес во салата “Автокоманда“ во истоимената населба се одигра пионерскиот дуел помеѓу пионерите на РК Вардар и екипата на РК Аеродром-1. Во овој дуел момците на Адријана Будимир ја “потопија“ екипата на аеродромци со резултат 3-47  (3-21). Ова е втора победа од две одиграни кола за пионерите на црвено-црниот машки ракометен колектив.

88f 88l

Први со гол дуелот го отворија нашите момци кои по 30 секунди поведоа со погодокот на Калајџиев Симон. Веднаш потоа следеше изедначивање на 1-1 од страна на нашиот ривал. Со одлична игра во одбраната која е својствена за тимот на Будимир до 9.минута успеавме да ги затвориме сите приоди кон нашиот гол и да казнуваме со брзи контри. Во 10.минута поведовме со 10-1 дури шест гола од овие десет ги постигна Калајџиев Симон. Следеше тајм-аут за противничкиот тим кој и не смени ништо посебно, во 16.минута поведовме со серија 7-0 со високи 1-17. Конечно ривалот успеа да постигне втор гол и намали на 2-17. До крајот додатно го зголемивме водството и заминавме на одмор со резултат 3-21 најавувајќи дека во овој дуел ќе доминираме максимално.

88a 88h
Вториот дел почна со одлична одбрана и брза контра која во гол ја претвори Чакалиќ Бојан за наша предност од 3- 22. Следеше она што и се очекуваше спрема распоредот на силите и во првиот дел. Ние во одбрана бевме “тврдина“, а во напад игравме полетно пред се казнувајќи од брзи контри. Успеавме да дојдеме и до “плус триесет“ односно поведовме со 3-33 во 29.минута од дуелот по што следеше минута одмор за екипата на РК Аеродром-1. Тие имаа напад шутна одлично во продолжение нашиот голман одбрани, а во контра повторно најбрз беше Калајџиев Симон кој казни со гол за 3-24. Вардар постојано го играше она што нивниот тренер го бараше од нив бескомпромисна одбрана и брза реализација во контра, Будимир во текот на целиот натпревар недозволи опуштање од момците и постојано инсистираше на тој ритам кој непадна во ниту еден момент. Љубилејниот гол 40 го постигнавме ви 35.минута кога поведовме со 3-40, истиот беше дело на Мирчевски Давид. До крајот успеавме да го направиме она кој малкумина може да се пофалат дека успеале го завршивме второто полувреме без примен гол. На крајот победивме со разлика од гола, односно со резултат 3-47 . За напомена е дека нашиот ривал во вториот дел имаше три пенала кои не ги претвори во гол.

88c

Кај нас први стрелеци беа Чакалиќ и дебитантот кој денес го одигра својот прв меч Ташевски со 7 гола, Калајџиев имаше 6 колку и Мишевски, 5 гола впиша Жерновски зад своето име, а Савревски имаше 4.