Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардар, Аеродром, Карпош и Урдаревски се полуфиналисти на турнирот Вардар, “еден живот,една љубов„
Вардар, Аеродром, Карпош и Урдаревски се полуфиналисти на турнирот Вардар, “еден живот,една љубов„

Вардар, Аеродром, Карпош и Урдаревски се полуфиналисти на турнирот Вардар, “еден живот,една љубов„

Откако се одигра и третото коло во двете групи, познати се полуфиналистите на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов„. Тоа се екипите на Вардар, Аеродром, Карпош и Урдаревски.

Во решавачкиот меч за пласман во полуфиналето, тимот на Аеродром беше поуспешен од Балтепе. Екипата на Аеродром во најголем дел од мечот имаше предност, само по првите пет минути се играше гол за гол на двете страни. Аеродром успеа да псотигне четири последователни голови и да го зголеми резултатот на 8:4. До крајот на првиот дел, се одржуваше водството на Аеродром, кој на полувреме беше во позитива од 11:8.

49900442_2025156150864554_8434593952845266944_n 49938559_2025156177531218_1057712507835121664_n 50517230_2025156340864535_6812101887060344832_n 50620498_2025156190864550_8068157827165716480_n

Во второто полувреме само растеше водството во корист на Аеродром, а највисоката разлика беше при резултат 22:13. На крајот победа за екипата на Аеродром изразена со резултат 23.15. Ова беше втора победа за Аеродром во групата со која го освои второто место во групата А, веднаш зад екипата на Вардар.

49948227_2025156387531197_8240018830391246848_n

Вардарци стигнаа и до третиот триумф во групата, откако рутински ја совладаа екипата на Драчево, со резултат 27:4. Самиот резултат говори за случувањата на теренот и одразот на силите на овој меч. По првото полувреме резултатот 11:1. И на овој меч тренерот Петковски им да даде шанса на сите играчи, едноставно победата не беше доведена во прашање. Со максимален број на освоени бодови, Вардар како првопласиран во групата А се пласира во полуфиналето на турнирот.

1 2 3

Во решавачкиот меч за првото место во групата Б, екипата на Карпош беше подобра од Урдаревски, која ја совлада со резултат 14:23. На почетокот гледавме израмнет натпревар, на кој последното израмнување се случи при резултат 3:3. Од тие моменти екипата на Карпош направи серија од 0:3 и поведе со 3:6. Четири голови разлика беше најголемата предност за кумановчани во првиот дел, имаа водство од 6:10, 7:11 и на полувреме се замина со резултат 9:13.

50260498_2025181787528657_3845846616011440128_n

Екипата на Карпош имаше фуриозен старт на вториот дел, кога постигна четири голови во серија и зголеми на 9:17. Екипата од Куманово се покажа како пресилна за Урдаревски, имаа целосна контрола на резултатот. На крајот победа со резултат од 14:23. Ова беше трет триумф за Карпош, со кој го освоија првото место во групта, додека Урдаревски заврши како второпласиран.

На натпревар кој немаше резултатско значење, екипата на Бисинов успеа да слави во дуелот со екипата на Преспа од Ресен. По првото полувреме резултатот беше 5:9 во корист на Бисинов. На крајот победа за тимот од Велес со резултат 13:18. Ова беше прва победа за Бисинов на турнирот, а трет пораз за екипата на Преспа.

49946812_2025213127525523_2498871144577236992_n

Во утрешното полуфинале се среќаваат екипите на Вардар-Урдаревски и Карпош-Аеродром. Полуфиналните мечеви ќе се одиграат во термините од 10:00 и 11:00 часот.