Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > По две победи за РК Урдаревски и Бисинов, на првиот натпреварувачки ден на зимскиот турнир, кај генер.2006/07
По две победи за РК Урдаревски и Бисинов, на првиот натпреварувачки ден на зимскиот турнир, кај генер.2006/07

По две победи за РК Урдаревски и Бисинов, на првиот натпреварувачки ден на зимскиот турнир, кај генер.2006/07

Денес стартуваше новото издание на ракометниот младински турнир “Вардар, еден  живот, една љубов„ во организација на ракометниот клуб Вардар. Кај генерацијата родени 2006/07 се натпреваруваат вкупно пет екипи, и секој ќе игра против секого.

Првиот дуел на програмата кај оваа генерација беше оној помеѓу екипите  на Урдаревски и Ѓорче ПетровПо голема борба, тимот на Урдаревски излезе како победник и славеше со резултат 23:20.

Почетокот на мечот им припадна на Урдаревски кои поведоа со 2:о и 3:1, но во следните минути видовме подобра игра за тимот на Ѓорче кој направи резултатски пресврт и поведе со 4:5. До крајот на првиот дел се играше гол за гол и ниту една од екипите немаше поголема предност од еден гол, по истекот на првите 15 минути на семафорот стоеше резултат 11:11.

Во првите четири минути од вториот дел, екипата на Бисинов успеа да ја прати онаа предност од два гола позитива, која ја имаа на стартот од дуелот (15:13). Сепак кратко траеше водството на Урдаревски, со оглед дека Ѓорче Петров врати со два гола во серија и израмни на 15:15. Урдаревски не се откажуваше од помислата да победи на овој меч, повторно заиграа поцврсто и со серија од 3:0 се одлепија на 18:15. Работите станаа многу појасни кога истава позитива ја имаа на 3 минути пред крајот на мечот (21:18). Немаше многу време за возбудувања, Урдаревски победи со резултат 23:20.

Вториот натпревар кај оваа генерација беше помеѓу екипите на Бисинов и Карпош, дуел кој му припадна на Бисинов, со резултат 21:8. Натпреварот започна со предност на Бисинов од 7:0, а по првото полувреме резултатот беше 9:1. По само три минути игра во вториот дел, екипата од Велес имаше двоцифрена предност од 12:2. До крајот на мечот се беше рутина за Бисинов, немаше резултатска неизвеснот овој меч, па Бииснов стигна до првата победа на турнирот, изразена со резултат 21:8.

На третиот натпревар се сретнаа екипите на Ангели и Урдаревски, меч кој го доби Урдаревски за втора победа на турнирот. Откако и двете екипи го постигнаа својот прв гол, следеше серија на Урдаревски од 0:4 за уште на стартот резултатски да се одлепат и да поведат со 1:5. Во продолжение од првиот дел, тимот на Ангели успеа да се врати во игра и да намали на 4:6, а на полувреме се замина со резултат 6:8 за тимот на Урдаревски.

Во првите четири минути од вториот дел, екипата на Ангели успева да го израмни резултатот на 9:9. Сепак Урдаревски се покажа како поквалитетен, успева да постигне четири голови во серија и да зголеми на 9:13, тука и се “скрши„ резултатот во корист на Урдаревски. До крајот на мечот само растеше предноста во корист на Урдаревски кој успеа да слави со резултат 12:19. Ова беше втор триумф за Урдаревски на турнирот во оваа возрасна генерација.

Интересен дуел со многу голови одиграа екипите на Ѓорче Петров и Бисинов од Велес. Победата им припадна на Бисинов, кои славеа со резултат 19:22. Во првите пет минути се играше гол за гол и резултатот беше израмнет на 4:4. Тимот на Бисинов постигна четири последователни голови и зголеми на 4:8, а уште во три наврати до крајот на првиот дел ја имаа истата позитива од четири разлика, за на полувреме да се замине со предност од 10:14.

49899926_2025050120875157_50866878234492928_n 49938873_2025049987541837_6679684154084294656_n

Првите два гола во вториот дел ги постигна екипата на Бисинов, за да зголеми на највисоки шест гола (10:16). Правеше обиди екипата на Ѓорче за да се доближи резултатски, тоа се се случи кога ја преполовија негатива на три гола (17:20), но немаше многу време за поголем пресврт. На крајот заслужена победа за Бисинов, изразена со резултат 19:22.

На последниот меч од денешната програма се сретнаа екипите на Карпош и Ангели. На овој меч триумфираше екипата на Ангели која славеше со резултат 13:17. . По првото полувреме исто така екипата од Волково беше во водство од 5:8.

Во текот на утрешниот ден ќе продолжат натпреварите на турнирот во оваа возрасна генерација.