Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Стоилов: Немаме многу време за подготовки, но одиме на победа на утрешниот натпревар
Гонзалес и Стоилов: Немаме многу време за подготовки, но одиме на победа на утрешниот натпревар

Гонзалес и Стоилов: Немаме многу време за подготовки, но одиме на победа на утрешниот натпревар

Нема многу одмор за Европскиот и Балкански шампион, кој утре ќе одигра натпревар во рамките на седмото коло од СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17:45 часот ќе гостува екипата на Динамо Панчево, која е дебитант во ова натпреварување. Вардар е моментално лидер во СЕХА, со шест победи од исто толку одиграни натпревари, додека противникот го дели последното место на табелата, заедно со екипата на Војводина, кои имаат само една победа и дури пет порази. Во пресрет на утрешниот дуел, денес  Вардар одржа прес-конференција на која ги сподели своите очекувања за овој дуел, кој треба да биде само загревање за напреварот во сабота во ЛШ, против тимот на Рајн-Некар.

-Малку сме уморни, и немавме време многу за подготовки за овој натпревар. Ние сме фаворити, играме во Скопје. Очекувам да играме интензивно, и треба да победиваме на сите мечеви. Не знаеме како ќе бидат играчите, имаме денеска тренинг и ќе видиме на тренинг. Имавме интензивен меч во саботата. Но, сега треба да се фокусираме на СЕХА лигата, изјави Раул Гонзалес.

Капитенот, Стоилов истакна дека Динамо е анонимен тим, но дека сериозно ќе влезат на овој меч.

-Ние сме фаворити на тој натпревар, треба да го почитуваме противникот и да играме сериозно. Тие се релативно непознати за нас, Немавме време за подготовки, но ако играме мотивирано нема да има проблеми.