Wednesday ,22 November 2017
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и ПСЖ лидери во своите групи по одиграното седмо коло
Вардар и ПСЖ лидери во своите групи по одиграното седмо коло

Вардар и ПСЖ лидери во своите групи по одиграното седмо коло

Се одигра комплетното седмо коло во ракометната Лига на шампиони. Главниот акцент ние го ставаме секако на групата А, во која се наоѓа Европскиот владетел, тимот на Вардар. По одиграното комплетно седмо коло во нашата група, само тимовите на Вардар и Нант можат да бидат задоволни.

Со нерешениот резултат во Шпанија на Барселона и Рајн – Некар, сега Вардар се одлепи на првата позиција на табелата со два бода повеќе од Рајн Некар и три од Барселона. Токму тимот на Рајн – Некар овој викенд гостува во Скопје кај нашиот тим, значи со победа и на овој натпревар Вардар ќе дојде на комотни четири бодови предност пред директниот конкурент за првото место. Покрај Вардар и Нант ова коло многу доби, тимот на Лазаров со важната победа против Пик Сегед се проби на четвртата позиција со 9 освоени бодови, односно два повеќе од Сегед кој сега падна на петтата позиција.

Во групата Б пак, вчера се одигра дербито на колото во кое се сретнаа ПСЖ и Веспрем. Францускиот првак го доби овој дерби натпревар со пет голови разлика и го превзема првото место токму од тимот на Веспрем. Најголемо изненадување ова коло приреди тимот на Целје со победата над Кил на гостински терен 26-29. Тимот на Кил во овој момент се наоѓа дури на седмата позиција во групата Б со пет бодови.

Идно коло двојки за групата А:
Вардар – Рајн Некар (сабота)
Пик Сегед – Барселона (недела)
Нант – Загреб (недела)
Висла – Кристијанштад (недела)