Нема многу одмор за нашиот ракометен шампион кој во сабота продолжува со настапи во најголемото натпреварување. Во сабота во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 17:30 часот ќе гостува екипата на Рајн-Некар. По тој повод, клубот утре со почеток од 12:00 ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги изнесе очекувањата за овој дуел кој од ЕХФ е назначен за дерби на колото во ЛШ.
Со нов триумф, Вардар уште повеќе би се зацврстил на првото место во најсилната група А.