Додека Вардар го има Арпад Штербик на својот гол нема да има мака. “Арпад Велики” уште еднаш покажа дека и оваа сезона ќе биде главниот играч во својте редови во освојување на уште една Европска круна.
Нашиот голман одново имаше одлична вечер во Германија, го носеше Вардар кон добар резултат, а згора на се и одбрани клучен удар на еден противнички играч во последните мигови од натпреварот. Со овие вчерашни одбрани, Штербик ја мина границата од 100 успешни интервенции оваа сезона во Лигата на шампионите.
Инаку, да потсетиме дека Вардар и по овој натпревар ја има убедливо најдобрата одбрана со само 209 примени голови на девет натпревари.