Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар – Шкупи во четврток во Ѓорче
Вардар – Шкупи во четврток во Ѓорче

Вардар – Шкупи во четврток во Ѓорче

Дуелот од 1/8 финалето во Купот конечно ќе се одигра, најпрвин Вардар ќе биде домаќин, па ќе гостува кај Шкупи. Овој натпревар според планот треба да биде одигран во четврток со почеток во 13.00 часот, но на стадионот во Ѓорче Петров. Дуелот ќе се одигра во Ѓорче со цел тревникот на Градски да биде подготвен за последнитот натпревар на Вардар на домашен терен во Лигата на Европа, кој е закажан за 7-ми декември.

Инаку, Вардар го знае и својот потенцијален противник во 1/4 финалето, тетовска Шкендија го чека Вардар во Куп пресметката.

Вардар во четврток ќе се обиде да натпревари што е можно поголема разлика пред реваншот кој треба да биде одигран до средината на овој месец.