Фановите го избраа иделниот тим во СЕХА-лигата, во кој се најде и вардаровиот капитен, Стојанче Стоилов, кој е единствениот од тимот на Вардар, кој се најде во овој избор.
Вака изгледа најдобриот тим во СЕХА, според гласовите на фановите:
Голман: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер)
Лев бек: Расмус Лауге Шмид ( Веспрем)
Среден бек: Ловро Јотиќ (Еурофарм Пелистер)
Десен бек: Микита Валјупов (Мешков Брест))
Лево крило: Давид Мандиќ (ППД Загреб))
Пикер: Стојанче Стоилов (Вардар)
Десно крило: Златко Хорват (ППД Загреб)