После тренерите и новинарите кои се дописниците на ЕХФ ги дадоа своите гласови за најдобрите ракометари во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите. Помеѓу имињата кој се најдоа на списокот има место и за еден ракометар на црвено-црните.
Во најдобрата, ол-стар седморка место има за “летачкиот“ русин, Тимур Дибиров според мислењето на дописниците. Тие дадоа предлог кои играчи ги предложуваат за избор за одредена позиција. Единствено двајца играчи има предложено Барселона, а другите предлози за совршениот тим доаѓаат од различни клубови. Вака изгледа иделната седморка која ја предложија дописниците:
ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар)
ЛЕВ БЕК: Нико Ронберг (Рихимаен Кокс)
ЦЕНТАР: Барис Пухоуски (Мотор Запорожје)
ДЕСЕН БЕК: Дика Мем (Барселона)
ДЕСНО КРИЛО: Златко Хорват (ППД Загреб)
ПИКЕР: Николас Турно (Нант)
ГОЛМАН: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
Направен е предлог за најдобар одбранбен играч каде довербата ја доби е поранешниот играч на црвено-црните Македа.
ДЕФАНЗИВЕЦ: Хорхе Македа (Пик Сегед)
МЛАД РАКОМЕТАР: Валтер Хринц (Кристијанштад)
ТРЕНЕР: Чави Пасквал (Барселона)