Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Никола Кизиќ го “откажа“ Металург 2, екипата на Вардар Јуниор победнички од Автокоманда

Никола Кизиќ го “откажа“ Металург 2, екипата на Вардар Јуниор победнички од Автокоманда

Денес во спортската сала во населбата Автокоманда, се одигра дерби натпревар од плеј аутот на супер лигата, помеѓу вторите тимови на Вардар и Металург. Поуспешни беа црвено-црните кои триумфираа со резултат 20:24.

Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнето на двете страни и ниту една од екипите немаше поголема предност од два гола, иако домашниот тим беше тој што постојано беше во водство. Во неколку наврати имаа предност од два гола, но секогаш избраниците на Стојан Петрушевски враќаа со иста мера и го израмнуваа резултатот. Последното водство, тимот од Автокоманда го имаше на три минути пред крајот на првиот дел, кога му дозволи на Вардар да постигне три последователни голови и на одмор да замине со предност од 10:12.

Победата можеби ја најавивме на стартот на второто полувреме, кога направивме серија од неколку погодоци и за прв пат на мечот имавме највисоки пет голови разлика (11:16). Ние на голот го имавме Кизиќ, кој беше еден од најзаслужните што Вардар се одлепи резултатски Делувавме разиграно во нападот, каде постигнувавме голови од различни позиии, а нашата одбрана делуваше цврсто и не дозволуваше лесни голови за противникот. Сите дилеми за тоа кој ќе освои бодовите беа решени, кога црвено-црните поведоа во високи седум голови предност и најавија дека со цел “плен“ ќе заминат од ова гостување. Немаше сили кај домашниот тим да се врати во натпреварот, а тоа не им дозволуваше ниту нашиот голман Никола Кизиќ, кој беше повеќе од одличен. До истекот на 60 минути, екипата на Металург успеа само да го намали резултатот на 20:24, што немаше големо влијание околу распределбата на бодовите. Тие им припаднаа на Вардарци, кои сега имаат седум бода предност пред Металург и речиси и да го обезбедија учеството во супер лигата и за наредната сезона. До крајот остануваат уште четири кола, во кои нашиот состав ќе оди на победи.

На голот Никола Кизиќ блескаше со дури 17 успешни интервенции, додека Ѓорѓески имаше 4. Најефиаксни пак беа Манасков и Ангелов, кои постигнаа по 5 голови.

Вардар јуниор: Димов 1, Димовски, Ѓеоргиевски 2, Димитровски 1, Ангелов 5, Кизиќ, Анастасовски, Ѓорѓески, Поповски 3, Трпчевски 4, Симиќ 2, Николовски, Ристов, Манасков 5, Кукуловски, Ончев 1.