Помладите пионери на ФК Вардар убедливо го добија дербито со екипата на Работнички, Иако противникот е во борба за титулата во оваа возрасна генерација, тоа не претставуваше проблем за нашите надежи да прикажат добра игра и да го совладаат гостинот со убедливи 4:1. Свој ден имаше Марио Илиевски кој постигна хет-трик, додека еден гол е зад името на Марио Спировски.
Погледнете ја фотогалеријата од дерби мечот и триумфот на Вардар.