Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС продолжува со победите во насјилната супер-лига, откако денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на Куманово, со двоцифрена разлика, или конечниот резултат на овој меч гласеше 39:29.
Само еднаш гостинската екипа успеа да го израмни резултатот на 1:1, по што следеше серија на младите Вардарки од 4:0 за уште на стартот да се одлепиме на водство 5:1. На секој гол на Куманово, избраничките на Симовски одговараа со серија од 2-3 погодоци, па така во 12 минута од мечот имавме предност од 10:3. Тоа беше и највисоката разлика која ја стекнавме во првите 30 минути. Во неколку наврати имавме седум голоив предност, но противникот до крајот на првото полувреме успеа да намали на 21:16.
Првиот гол во вториот дел му припадна на Вардар, кој поведе со 22:16, а истава разлика ја одржуваа и во следните десет минути, кога резултатот на семафорот беше 26:20. Следниот гол го постигна Куманово, за момент да намали на 26:21, по што црвено-црните направија серија од три погодои и за прв пат на мечот имаа високи осум гола разлика (29:21). Беше потоа и 31:22, така што последните осум минути од натпреварот беа рутина за нашиот состав, кој на крајот стигна и до победа изразена со двоцифрена разлика. Конечниот резултат гласеше 39:29.
Голманското трио, Белмезова имаше 6, додека Петковска и Мицевска забележаа по 4 одбрани. Најефикасна беше Наташа Нолевска со 8, додека Ангела Тодоровска постигна 7.
Вардар СЦЈС: Белмезова, Стојановска 1, Трпковска 4, Ѓеоргиевска 2, Митова 5, Бојаџиска 1, Тодоровска 7, Мицевска, Нолевска 8, Петковска, Керамичиева 3, Георгиевска, Мишевска 2, Божиноска 2, Гичевска 3, Велкова 1.