Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Во сабота, Вардар Јуниор ја отвара сезоната во Супер Машката Лига, со гостување кај тимот на Радовиш
Во сабота, Вардар Јуниор ја отвара сезоната во Супер Машката Лига, со гостување кај тимот на Радовиш

Во сабота, Вардар Јуниор ја отвара сезоната во Супер Машката Лига, со гостување кај тимот на Радовиш

Во сабота стартува најсилната Супер Машка Лига во Македонија. Сезоната ќе ја отвори екипата на Вардар Јуниор која гостува во Радовиш на истоимената екипа.

Младиот состав на Вардар Јуниор, кој повторно од клупата ќе биде предводен од Петрушевски и Манасков ќе има повторно тешка задача да обезбеди опстанок во најсилната домашна лига. Од минатата сезона во екипата ги нема Мартин Димов, Андреј Петковски, Марко Мишевски, Александар Нанов, Даниел Ставровски и Игор Ѓорѓиев додека на нивно место беа донесени неколку млади играчи. Некои од играчите настапија и за првиот тим, на отварање на сезоната во СЕХА-лигата, како Мартин Карапалевски, Дејан Кукуловски и Давид Гашоски, додека Ален Ќосевски беше на трибините за овој меч. Нашите информации велат дека Карапалевски и Кукуловски ќе патуваат со првиот тим, за саботниот меч од СЕХА-лигата, против екипата на Мотор Запорожје, додека Гашоски ќе настапи за Јуниор, а пак Ќосевски е повреден.

Мечот е закажан за во сабота со почеток од 19:00 часот. Судиската двојка ќе ја сочинуваат Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје, додека за делегат е одреден Васил Чавдаров од Богданци.