Во сабота со почеток од 16:15 часот, екипата на Вардар гостува во Украина, кај екипата на Мотор Запорожје, во рамките на второто коло од СЕХА-лигата.
Двете екипи со победа ја стартуваа сезоната, Вардар на домашен терен немаше големи проблеми, убедливо да го совлада тимот на Пекинг Спорт (37:23), додека Мотор Запорожје ја запиша својата дебитантска историска победа во СЕХА-лигата, откако славеше на гостувањето кај екипата на Татран Прешов (24:25).
Директен пренос од саботниот дуел ќе можете да проследите на МРТ и Арена Спорт 3, со почеток од 16:15 часот. Ова ќе биде последен дуел за Вардар пред стартот на сезоната во ЛШ и гостувањето кај екипата на Монпелје.