Зад нас е втората сезона на ракометната “Јуниор“ лига, која и оваа сезона беше успешно реализирана. Кај генерацијата родени 2002/2003 првото место им припадна на РК Преспа, кои во финалето го победија тимот на Шампион. Дел од сребрениот тим на Ф4, односно РК Шампион е Виктор Додевски. Тој зборува за своите ракометни почетоци и за сезоната која заврши.
Јас имам тренирано многу спортови но ракометот најмногу ми се допадна.Треннирам веќе 2 години. Причина за да го изберам ракометот е по сугестија на мојот татко како и тимот на РК Вардар. Во клубот на РК Вардар Шампион имаме одлична екипа која континуирано расте и е меѓу најдобрите. Оваа сезона во зимскиот куп и во лигата освоивме 2 место.
Преспа го одбрани трофејот во оваа возрасна генерација, откако истиов тим ја освои “Јуниор“ лигата и во првата нејзина сезона. Второто место им припадна на РК Шампион, кои се предводени од тренерскиот тандем, Чивлачки-Бадев. Тие пак во полуфиналето беа подобри од РК Кале од Кичево
Полуфиналниот натпревар со РК Кале Кичево беше многу неизвесен, но на крај ние се радувавме на победата. Финалето со РК Преспа беше многу исцрпувачки тежок натпревар. Имаше притисок од лидерската позиција на РК Преспа. Првото полувреме го изигравме добро но во второто полувреме поради нивната подобра физичка подготвеност тие заслужено победија. Тука би сакал, да истакнам дека јас сум задоволен од мојот придонес во текот на јуниор лигата а особено сум задоволен од завршниот турнир. Генерацијата 2002/2003 во РК Шампион иако, сме заедно една сезона прикажавме одлични игри и резултати, но сметам дека имаме голем потенцијал под водсво на одличните тренери Слободан Чивлачки и Димитар Бадев следната сезона да напредуваме во играта и да ја освоиме јуниор лигата.
Со младиот ракометар, Виктор Додевски зборуваме за проектот Вардар Јуниор лига. Какво значење, можности и шанси пружа овој мега-проект на ракометниот клуб Вардар за младите ракометари.
Што се однесува за значењето на Јуниор лигата и големиот проект на РК Вардар моето мислење и на сите соиграчи е многу позитивно. Ова го велам, бидејќи преку јуниор лигата запознав многу деца и добив на квалитет. Исто така добив можност да влезам во селекцијата на пионерите на РК Вардар за уште повеќе да напредувам во мојата кариера. Целокупниот проект на РК Вардар е одлично замислен и организиран. Се надевам дека и следните години овој проект ќе се развива се повеќе и повеќе.
Звонко Ивановски