Дали конечно Вардар пронајде квалитетен шпиц играч!? Во денешното издание на „Македонски спорт“, излезе голема трансфер бомба. Според нив, Вардар е многу блиску до доведување на Освал Алварез од Колумбија.
Се работи за доста млад и квалитетен играч кој има 22 години. Од 2013 година е дел од големиот тим на Андерлехт. Во овој тим настапил на пет меча во првата лига и постигна еден погодок. Во Вардар како што јавуваат од „Македонски спорт“, треба да пристигне како слободен играч.
Доколку се реализираат најавите, тогаш Вардар ќе добие екстра засилување за Лигата на шампионите.