Пред одигрување на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во Келн, Вардар имаше негативен биланс во дуелите со екипите на Барселона и ПСЖ. Победата во полуфиналето против шампионот на Шпанија, беше единствената за црвено-црните во нивните меѓусебни дуели. Претходно имаа одиграно детсет натпревари, на кои Барселона имаше девет победи и само еден нерешен резултат за екипата на Вардар и тоа во сезоната 2013/14, кога во Скопје одигравме со резулат 29:29. Тоа беше во првата сезона, кога клубот го превзема Сергеј Самсоненко и кога екипата ги имаше првите позабележителни резултати во најголемото ракометно натпреварување. Претходно Барселона ни нанесувал порази, од кои некои биле со двоцифрена разлика, а најголемиот е пред 14 години во сезоната 2013/04, кога противникот на својот терен славеше со убедливи 41:19. Вардар со негативен биланс влезе во пресрет на полуфиналниот дуел, но тоа не значеше дека лесно ќе се предадеме. Напротив црвено-црните стигнаа до првата, но сигурно дека најголемата победа, во дуелите со каталонскиот гигант.
Триумфот против ПСЖ беше единствениот во меѓусебните дуели против тимот, кој има најголем буџет во лигата на шампионите. Претходно одигравме два натпревари и тоа во сезоната 2013/14, кои завршија со победа на ПСЖ и со нерешен резултат. Во С.Ц. Борис Трајковски одигравме со нерешен резултат 24:24, додека во Франција загубивме убедливо со резултат 35:25.
Единствените победи против Барселона и ПСЖ, беа оние на Ф4 во Келн, вредни Европска титула. Го избравме вистинскиот момент да славиме против овие екипи, а очекуваме победите да продолжат и во наредната сезона.