Вардар продолжува да реди победи во СЕХА-лигата, совладувајќи ја екипата на Војводина (32:36). Црвено-црните во текот на целиот меч имаа водство, додека домашниот тим беше тој кој постојано бркаше негатива. На крајот заслужен триумф за нашиот шампион, кој бепе вкупно 16-ти во ова натпреварување. Најефикасен кај Вардар беше Лука Циндриќ кој постигна седум голови. До крајот на регуларниот дел остана уште еден натпревар, оној против Нексе во С.Ц. Јане Сандански. На прес-конференцијата после завршување на мечот со Војводина се обрати тренерот Гонзалез, кој го изјави следново:
-Војводина одигра добар натпревар, во некои моменти дури и одличен. Им дадов шанса на сите ракометари на овој меч и задоволен сум од начинот на кој играа и го држеа темпото на игра на високо ниво, со многу голови. Важно е да го држиме овој висок ритам и полека да се подготвиме за Ф4-турнирот во СЕХА, а исто и нокаут-фазата во ЛШ.
Пикерот на Вардар, Мијајло Марсениќ истакна дека најважна е победата.
-Најпрво, би сакал да му честитам на младиот голман Јандриќ за одличното прво полувреме. Има многу добри млади играчи во Војводина. За нас најважно е што победивме и што минавме без повреди. Сега се фокусираме на завршницата во СЕХА како и Лигата на шампионите.