Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор денес гостува кај РК Струга
Вардар Јуниор денес гостува кај РК Струга

Вардар Јуниор денес гостува кај РК Струга

Денес се одигрува 3.коло од плеј-аут сегментот во Супер лигата, момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков токму кога е најважно во овој дел од сезоната одигаа перфектно. По две кола имаат максимални шест бода по победите в гости кај Борец, и одличното издание кое донесе дома триумф со Радовиш.

Сега сме на 8.бода предност пред РК Прилеп кој е на 5.позиција која треба да ја избегнеме бидејќи носи бараж за опстанок со второпласираната екипа од Првата машка ракометна лига. Денес, среда  Вардар Јуниор во оваа нова рунда гостуваа во Струга кај истоимениот машки ракометен тим. Натпреварот се игра со почеток во 18-00 часот.