Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Денес на МРТ-3, гледајте Вардар против Мотор Запорожје
Денес на МРТ-3, гледајте Вардар против Мотор Запорожје

Денес на МРТ-3, гледајте Вардар против Мотор Запорожје

Каналот МРТ-3 продолжува да емитува спортски настани, а денес на нивната програма се наоѓа уште еден меч на ракометниот клуб Вардар.

Се работи за дуел од СЕХА-лигата во сезоната 2019/20 против екипата на Мотор Запорожје. На мечот кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански триумфираше Вардар со резултат 44:37. Тоа беше и најефиксниот натпревар сезонава во СЕХА, што се однесува по бројот на постигнати голови.

Дуелот ќе се емитува во терминот од 18:00 часот.