Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар носи нов среден бек од Хрватска!?
Вардар носи нов среден бек од Хрватска!?

Вардар носи нов среден бек од Хрватска!?

Хрватскиот ракометар Ловро Јотиќ е пред трансфер во редовите на РК Вардар, каде ќе треба да ја затвори средната бековска линија заедно со својот сонародник Анте Гаџа, кој пред неколку денови го официјализираше својот трансфер во редовите на ,,црвено – црните”.

Се работи за доста добро познат ракометар во Македонија, кој го носеше дресот на Еурофарм Пелистер. 25-годишниот Хрват требаше во новата сезона да игра за тимот на Бенфика, но според последните информации до тоа нема да дојде бидејќи клубот е во корона-криза, а Вардар експресно реагирал и му испратил прифатлива понуда на овој ракометар.

Јотиќ во својата кариера играше за Еурофарм Пелистер, ППД Загреб, Алборг, Дубрава, Умаг и Замет.