Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар загуби нов бисер и тоа – бесплатно!
Вардар загуби нов бисер и тоа – бесплатно!

Вардар загуби нов бисер и тоа – бесплатно!

Во ФК Вардар ништо не е сјајно, па на сите проблеми доаѓа уште еден, овој пат најнов. Од денеска, ФК Вардар загуби уште еден супер талент и тоа – бесплатно, бидејќи младиот и супер талентиран дефанзивец Марио Младеновски е слободен играч!

Младеновски оваа сезона се појави на ,,мала врата” во првиот тим на Вардар, но набргу со своите феноменални партии (посебно онаа против Шкендија во Тетово) го сврте вниманието кон себе и кон фудбалската јавност не само кај нас, туку и во фудбалска Европа. Набргу доби и повик за А селекцијата на Македонија, каде запиша и еден официјален настап.

Ова е уште еден сериозен дебакл на луѓето во Вардар, кои губат уште еден супер тален кој сигурно можеа да го продадат за сериозна сума на некој одличен клуб уште во зимскиот преоден рок.

Инаку, менаџер на Младеновски е поранешниот македонски репрезентативец и член на ФК Вардар, Горан Попов.