Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кантагрел: Вардар е легендарен тим, таква понуда не се одбива
Кантагрел: Вардар е легендарен тим, таква понуда не се одбива

Кантагрел: Вардар е легендарен тим, таква понуда не се одбива

Европски првак, РК  Вардар од есен во  своите редови за  ќе има француски интернационалец, ова е првпат во историјата да имаме играч од таа земја. Дел од голманското трио заедно со Борко Ристовски и Кизиќ Марко ќе биде и талентираниот Робин Кантагрел. Новајлијата во тимот  ќе го има првото интернационално искуство во својата кариера. Среќен е што потпишува со двоен шампион на Европа и клуб со голема историја:

Како  помлад ги следев  натпреварите од Ф4  во Келн на Вардар. Тоа е легендарен клуб кој кога ќе ве повика не смеете да ја  одбиете понудата. Започнав да учам македонски јазик и засега имам проблеми со некои зборови. Во Македонија ќе одам со мојата девојка, се ќе ми биде ново, а не знам ниту многу за македонската култура. Ќе играме во СЕХА лигата, но мојот сон е да настапам во Лигата на шампионите- вели Кантегрел.