Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ”испазари” и втор играч од Кил за следната сезона!
Вардар ”испазари” и втор играч од Кил за следната сезона!

Вардар ”испазари” и втор играч од Кил за следната сезона!

РК Вардар од следната сезона ќе биде посилен за Рожерио Мораес Фереира. Рожерио има 22 години и е  младински репрезентативец на Бразил. Рожерио во Вардар доаѓа на местото на Тоскиќ кој на крајот од оваа натпреварувачка сезона си заминува од Вардар. Рожерио досега има настапувано за славниот германски тим на Кил. Рожерио оваа сезона за тимот на Кил постигнал четири погодоци, односно два им даде на Фленсбург на гости, а по еден на ПСЖ и Бешикташ.

Инаку Рожерио додека настапуваше за Кил, беше позајмен и во тимот на Алтенхолц. Рожерио ќе биде највисок играч на РК Вардар, има дури 2.04-цм. Ова ќе биде прв бразилец кој ќе заигра во дресот на Вардар. Пред некоја сезона и во дресот на ЖРК Вардар дојде бразилска интернационалка но не се снајде најдобро во нашиот тим. Очекуваме Рожерио да ја засили пред се одбраната на Вардар, а секако и пикерската позиција во нападот на Вардар заедно со Стоилов и Марсениќ.