Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пролет 62 победи во младинското ракометно дерби со екипата на РК Вардар Јуниор
Пролет 62 победи во младинското ракометно дерби со екипата на РК Вардар Јуниор

Пролет 62 победи во младинското ракометно дерби со екипата на РК Вардар Јуниор

Младинското ракометно дерби во групата 2 убедливо му припадна на тимот на РК Пролет 62 во дуелот со екипата на РК Вардар Јуниор. Конечниот резултат гласеше 25:18 во корист на домаќинот. Во натпревар каде за едно полувреме постигнавме само 3 погодоци (9:3) говори за текот на мечот.

Црвено-црните имаа промашено голем број на зицери и четири удари од седум метри, каде стигнавме до рекорден број на прмашени шутеви( вкупно 22), или поточно одбранети удари на противничкиот голман Натпреварот го загубивме во првото полувреме каде постигнавме само 3 гола, или дваесетина минути не постигнавме гол. Одбраната функционираше, ама голем проблем беше нападот, едноставно домашниот голман блескаше и немавме решение. Треба анализа, но не треба да заборавиме дека играме со две години помлади ракометари , каде на оваа возраст и тоа како се чувствува во моторичките способности. По ова одиграно коло тимот на Пролет 62 е нов лидер во младинската група 2. Во следните натпревари мора да потврдиме дека ова беше лош ден и да обезбедиме пласман на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Следниот меч е на домашен терен против екипата на РК Радовиш.