Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Една победа и пораз за ФК Вардар генер. “2005“ во детската лига
Една победа и пораз за ФК Вардар генер. “2005“ во детската лига

Една победа и пораз за ФК Вардар генер. “2005“ во детската лига

Фудбалскиот клуб на Вардра генерација родени “2005“ година вчера ги одиграа своите натпревари во детската лига. Тие настапија со двете свои екипи и забележаа една победа и еден пораз.

ФК Вардар (1) немаше поголеми проблеми во дуелот со екипата на Милано и забележа убедлив триумф. Конечниот резултат на овој меч гласеше 5:1. Уште по првото полувреме нашите млади надежи имаа водство од 2:1. Во вториот дел не му дозволивме на противникот да го пронајде патот кон нашата мрежа, за разлика од црвено-црните кои уште три пати ја тресеа мрежата на Милано. На овој дуел хет-трик постигна капитенот Филип Јовановски, додека по еден гол беа дело на Ѓорѓи Дошев и Лука Јакимовски. 

vardarfans pobeda i poraz

ФК Вардар (2) го загуби дербито против своите врсници од Работнички, со конечен резултат од 3:4. Натпревар со многу голови, кој на крај сепак му припадна на противничкиот тим. По првото полувреме беше 2:3. Во вториот дел по еден погодок на двете страни, за триумф на Работнички. Сите три погодоци за Вардар беа дело на Горјан Цветков.