Избраниците на Сашо Тодоровски вардаровите фудбалски пионери вчера на фудбалскиот терен во Марино одиграа меч од второто коло во пролетниот дел од лигата. Тие беа домаќини на Победа од Прилеп и одигаа еден исклучително интересен дуел кој заврши со наша победа со резулат 4-0 за црвено-црните.
Вардаровите пионери по првото полувреме одиграа 0-0 , прилепчани се бране со “бункер“ во обид да издржат и со реми да саминат од Скопје, но нашите момци не мислеа така. Тие во вториот дел погодиа четири пати за голема радост и освојување на нови важни три бода. Стрелци за нас беа : Ѓоргиевски А. Битиќи, Марко Ѓорѓиевски и Пешевски.