Вчера нашите девојки го одиграа и вториот натпревар во квалификациите за СП. Нашите девојки по убедливата победа против Израел, вчера беа поразени од врсничките на Словенија со резултат 26-20 (14-12) Во првиот дел нашите млади девојки одиграа солиден меч, но во вториот дел нашите девојки постигнаа само осум погодоци, што значеше дека немаме шанси за победа. По овој пораз нашите девојки ги загубија шансите за прво место и пласман на Светското првенство.
Интересно е тоа што во нашата репрезентација сите 20 голови беа дело на играчите кои се дел од ЖРК Вардар. Сара Ристовска постигна 7 погодоци, Керамитчиева постигна шест, Митова, Нолевска и Бојаџиска постигнаа по два, додека пак еден погодок постигна Гичевска. Денеска нашите девојки играат против домакинот на овој турнир Франција.