Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нов ракометен спектакл, Веспрем е прв голем предизвик за нашиот ракометен шампион
Нов ракометен спектакл, Веспрем е прв голем предизвик за нашиот ракометен шампион

Нов ракометен спектакл, Веспрем е прв голем предизвик за нашиот ракометен шампион

Нашиот ракометен шампион вечерва продолжува со натпреварите во сеха-лигата. Со почеток од 20:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански гостува екипата на Веспрем. Ова ќе биде најсилен предизвик за Вардарци во новата сезона. Веспрем е актуелен освојувач на сеха-лигата и вицешампион во најголемото ракометно натпреварување.

На првите два воведни натпревари, Вардар забележа нерешен резултат против Брест Мешков и победа во дуелот со екипата на Металург. Веспрем за два дена во Скопје ќе одигра два натпревари, вечерва и во недела против екипата од Автокоманда. Во првото коло Унгарците славеа на гостувањето против Целје (29:34). Не теба да се трошат многу зборови за Веспрем, кој континуирано секоја година се засилува. Летово тие направија неколку измени во својот состав. Од екипата си заминаа само двајца играчи и тоа германецот Цаијс и Гвардиола. Иранецот Иман Џамали уште една сезона ќе оди на позајмица, овој пат во екипата на Брест Мешков, откако претходната ја помина во Кристијанштад. Во Веспрем пристигнаа шест нови играчи, а според имињата најзвучно е словенецот Гајиќ, кој пристигна од тимот на Монпелје. Новајлии се уште и Благотиншек, Копљар, Анчин ,Афлитулин и Милашевиќ.

Веспрем и оваа сезона е број еден фаворит не само во сеха, туку и во лигата на шампиони. Изминатава сезона токму овие две екипи играа во финалето на сеха-лигата, а на крајот подобар беше противникот. Само чудо не им донесе европска титула во ЛШ, откако прокоцкаа голема предност во последните десет минути од финалниот меч против Киелце. Во нашиот состав се враќа капитенот Стојанче Стоилов кој го пропушти претходниот натпревар поради црвен картон.