Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар добива тренер на голманите од Црна Гора
Вардар добива тренер на голманите од Црна Гора

Вардар добива тренер на голманите од Црна Гора

Од Вардар 1961 излегоа со информација дека стручниот штаб на тимот ќе биде засилен со Александар Рогановиќ, кој ќе биде тренер на голманите во Вардар. Искусниот Рогановиќ ќе има за задача да ги тренира Томовски, Ристовски и Сафар.

Стручниот штаб на Вардар 1961 следната сезона ќе биде зголемен за уште еден нов член, со Александар Рогановиќ (59) кој ќе биде одговорен за работата со голманите во клубот. Црногорскиот тренер во моментов е тренер на кадетите на репрезентацијата на Црна Гора, но зад себе има богата тренерска кариера, најмногу токму со голмани во различни клубови и репрезентации, велат од Вардар 1961.

Покрај Недановски и Рогановиќ, очекуваме уште едно лице во стручниот штаб на Вујовиќ.