Од денес до недела на програмата е завршниот турнир во СЕХА-лигата. Невообичаено е во овој период да се игра Ф4 турнир, но пандемијата со корона вирусот не дозволи порано да биде познат новиот Шампион во СЕХА-лигата.
Затоа, челните луѓе на ова натпреварување на вчерашната прес-конференција го претставија новиот трофеј, кој прв пат ќе биде доделен во недела кога ќе се одигра и големото финале во СЕХА-лигата.
На поглед изгледа добро, а кој ќе има можност да го крене ќе видеме на последниот натпреварувачки ден. Црвено-црните пет пати се радувале на шампионскиот трофеј, Веспрем има два, додека еден ППД Загреб.
Вечер во полуфиналето од 20:30 часот, Вардар ќе се сретне против ППД Загреб, додека првата полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Веспрем и Брест Мешков.