Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардаровата машина “гази“ се пред себе, ППД Загреб втор пат сезонава замина од Ј.Сандански со наведнати глави
Вардаровата машина “гази“ се пред себе, ППД Загреб втор пат сезонава замина од Ј.Сандански со наведнати глави

Вардаровата машина “гази“ се пред себе, ППД Загреб втор пат сезонава замина од Ј.Сандански со наведнати глави

Вардаровата машина продолжува да ги “меле“ своите противници, овој пат настрада втор пат сезонава и екипата на ППД Загреб. На натпревар од СЕХА-лигата, црвено-црните имаа уште едно убедливо издание и покажа дека и оваа сезона се главни предетенди за одбрана на трофејот.

Натпреварот започна со гол за гол на двете страни, а Вардар за прв пат имаше предност од два гола разлика (6:4) на средината на првото полувреме. Во овој дел од мечот гледавме малку голови на двете страни, каде голманите на Вардар ( Милиќ) и Загреб ( Скок) имаа неколку одбрани. Следи серија на ППД Загреб од 0:3 за противникот да поведе со 6:7 во 17 минута од натпреварот. Сепак Вардар и на овој натпревар покажа разновидност во нападот и со четири последователни голови, најчесто преку крилата Дибиров и Чупиќ, за прв пат на натпреварот имавме предност од три гола (10:7). На теренот воопшто не се чуствуваше замор кај нашите играчи, иако во саботата имавме тежок меч против Барселона. Константно играме добро во одбраната, која е наше најслино “оружје“ која функционираше и во првото полувреме. Изгледаше дека на полувреме ќе одиме со минимална редност, кога Загреб намали на само еден гол негатива (10:9) во 24 минута. Сепак до крајот на првото полувреме, избраниците на Раул Гонзалес успеваат да направат голема серија од 7:1, за на полувреме да заминеме со убедливо водство од дури седум гола разлика (17:10). Мора да се истакне дека одличен на голот беше Страхиња Милиќ кој имаше 8 одбрани.

Второто полувреме започна со два гола на ППД Загреб за намалување на 17:12, додека првиот гол за црвено-црните во овој дел го постигнува нововлезениот Војводиќ. Милиќ продолжува со одбраните и веќе стигна до двоцифрен број на одбранети удари. На Вардар не му требаше многу време да ја врати највисоката предност, па преку Марсениќ во 39 минута имавме водство од 20:13. Гостинскиот тим даваше отпор и не дозволуваше предвреме да го решиме победникот, па со два последователни голови на Мандалиниќ и еден на Контрец стигнуваат до четири гола негатива (20:16).Со оглед дека настапивме со само еден пикер, а тоа беше Марсениќ, тренерот Гонзалес мораше да ротира во екипата, па во еден момент на оваа позиција се најде и Кристопанс. Мили стигна до својата 15 одбрана, која му овозможи контра-напад на Дибиров кој во 49 минута го зголемува резултатот на 25:19. Во игра влегоа и крилата Мартин Поповски и Владо Недановски. Токму првиот контакт со топката на Недановски завршува во голот на Загреб. На шест минути пред крај имавме највисоки 28:21, па остатокот од мечот беше само рутина за нашиот шампион. На голот го видовме и младиот Ѓорѓески кој измамува воздишки во публиката, бранејќи удар од седум метри. На крајот конечниот резултат гласи 30:23.

Најефикасни кај Вардар беа Тимур Дибиров и Игор Карачиќ кои постигнаа по 6 голови. Милиќ собра 15 одбрани, Ѓорѓески две и тоа двете од ударите од седум метри. На овој дуел настапивме без Фереира, Стоилов и Шишкарев, додека Штербик не влезе на натпреварот.