Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Нашата одбрана функционираше како што посакувавме – Недановски: Заслужено победивме
Гонзалес: Нашата одбрана функционираше како што посакувавме – Недановски: Заслужено победивме

Гонзалес: Нашата одбрана функционираше како што посакувавме – Недановски: Заслужено победивме

Вардарци стигнаа до својата петта последователна победа во СЕХА-лигата, а втора оваа сезона во дуелите со екипата на ППД Загреб. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански избраниците на Раул Гонзалес славеа во дуелот со екипата на ППД Загреб со резултат 30:23. Речиси цел натпревар бевме во водство и имавме контрола на резултатот. По завршување на натпреварот на прес-конференцијата се обрати тренерот на Вардар, Гонзалес кој го изјави следново:

-Најпрво да му честитам на Загреб, со кој секогаш кога играме имаме проблеми. Така беше и во лигата на шампионите. Мислам дека моите играчи се мачеа, особено во првите 15 минути. Нашата одбрана функционираше како што сакавме, потоа имавме и неколку контри, и направивме добра разлика. Второто полувреме имавме исто проблеми на моменти, разликата дојде на четири голови, но повторно одигравме добро.

Минутажа на овој меч доби и левото крило Владо Недановски.

-Секогаш мечевите со Загреб се интересни и неизвесни до крај. По еден таков меч со Барселона во саботата имаме доста повреди, и ни требаше време да наполниме енергија.  Сепак заслужено победивме.