Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > 5/5 за Македонската кадетска репрезентација на ЕХФ Шампионатот во Грузија
5/5 за Македонската кадетска репрезентација на ЕХФ Шампионатот во Грузија

5/5 за Македонската кадетска репрезентација на ЕХФ Шампионатот во Грузија

Македонската кадетска репрезентација стигна до петтата победа од исто толку одиграни натпревари, на ЕХФ Шампионатот во Грузија. Избраниците на Брестовац утрово ја совладаа и екипата на Естонија.

Само во еден момент, противникот имаше предност и тоа во 5.минута од мечот, за нашите надежи во следниот период целосно да ја превземат контролата на теренот. Игравме одлично во одбраната, тоа ни овозможуваше и константно да ја зголемуваме предноста, која после истекот на првите 30 минути, гласеше девет голови разлика (16:7). Имавме контрола на резултатот и во второто полувреме, кога стигнавме  до највисоки осум голови предност. Најмногу што успеа да стори Естонија е да намали на четири гола негатива, со колку и го завршија натпреварот (26:22).

Од вардаровите играчи, двајца играчи се запишаа во листата на стрелци. Тоа беа десното крило, Ален Ќосевски и левиот бек, Игор Ѓорѓиев, кои постигнаа по два гола. Во очекување сме на противникот во полуфиналето, кое ќе се одигра во сабота од 17:15 часот.

МАКЕДОНИЈА: Василевски 1 (10 одб., 2 сед.), Кизиќ, Тодески 1, Божиновски 1, Карапалески, Каковски 1, Кондев, Серафимов 1, Митиќ 1, Костески 4, Ѓорѓиев 2, Џигероски 4, Анѓелковски, Ќосевски 2, Витанов 1, Симоноски 7