Младиот состав на РК Вардар 2 стигна до својата трета последователна победа во првата ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски успеа со цел плен да заминат од гостувањето во Штип, откако денес беа подобри од екипата на Текстилец.
Одлично го започнавме овој натпревар и во почетните минути имавме водство од 0:3. Сепак домашниот тим заигрува подобро и го израмнува резултатот на 4:4. Вардарци враќаат во исти стил и прават нова серија од три последователни гола и повторно ги враќаат оние највисоки 4:7. Одлично игравме во овој дел од натпреварот, одлично функционираше нашата одбрана, додека во нападот бевме доста ефикасни. Успеваме да стигнеме до водство и од 6:10, а за крако да имаме најголеми пет голови предност 7:12. До крајот на првото полувреме успеваме да ја задржиме стекнатата предност и на полувреме да заминеме со предност од 9:13.
Вториот дел започнува со два последователни гола на Текстилец, кој веќе ја преполови нашата предност. Сепак Вардар продолжува да ја игра својата игра и повторно да ги врати оние четири голови предност од првото полувреме (16:12). Во наредниот период како поминуваше времето, така полека но сигурно домашниот тим се закануваше на нашето водство. Само еден гол негатива 17:18 беше разлика во 38 минута од мечот. Во продолжение од мечот, нашата екипа одржуваше предност која се движеше од 1-3 гола разлика. Во ниту еден момент не дозволивме противникот да го израмни резултатот. Во последните пет минути влеговме со предност од 22:25, која Текстилец неможеше да ја стигне. Конечниот резултат гласеше 26:28.
Најефикасни во нашиот состав беше Дамјан Трајковски и Стефан Крстевски кои постигнаа по 5 голови. Стефан Чакалиќ додаде 4 погодоци.
Ова беше тежок за младите Вардарци кои се покажаа како вистински борци, каде ги издржаа сите притисоци и на крајот заслужено славеа.