Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пик Сегед нова “жртва“ на машината РК Вардар која има 4/4 во Л.Ш
Пик Сегед нова “жртва“ на машината РК Вардар која има 4/4 во Л.Ш

Пик Сегед нова “жртва“ на машината РК Вардар која има 4/4 во Л.Ш

Во спорскиот центар “Јане Сандански“ вечерва го одигравме четвртото коло ЕХФ Лигата на Шампионите. Во истото бевме домаќини на унгарскиот вицепрвак Пик Сегед. Вардарци остварија нова победа со резултат 30-27 , на полувреме се замина со минимално водство а црвено-црните 16-15.

00

На почетокот во првите пет минути гостите двапати поведуваа со по еден гол предност, ние веднаш враќаме преку Стоилов и Македа. Првото наше водство дојде во 6 минута кога погоди Чупиќ за 3-2. Влеговме во серија на грешки во продолжението, тоа го искористи унгарскиот вицешампион и со серија 3-0 прави пресврт 3-5 во 9 минута од овој дуел. Веднаш се враќаме во игра на голот одличен е Штербик  и преку Деревен изедначуваме на 5-5 во 12 минута. Игра гол за гол во следните  минути, во 20 минута влеговме со резултат 9-9. Денес се игра еден изедначен , цврст дуел во кој двете екипи се трудат да бидат постојано во чекор со својот противник не давајќи еден тим резултатски да се одлепи. Во 22 минута Раул Гонзалес при резулат 10-11 побара минута одмор и уфрла освежување од клупата, Чупиќ отстапи место на Шишкарев, Џамбо влегува на место на Шербик, Душебаев го заменува Македа и Циндриќ го менува Карачиќ. Сепак не успеваме да го смениме текот на мечот во наша корист дозволувајќи гостите да поведат со 13-15 на две минути до крајот на првиот дел. Брзо се враќаме одкако Милиќ брани двапати и преку Дибиров изедначуваме на 15-15 во финишот, по што гостите имаат последен напад кој го започнаа со минута одмор поради консултации. Они погрешија ние ја освоивме топката и Гонзалес побара тајм-аут на 4 секунди до крајот погодуваме преку Лука Циндриќ. Одиме на одмор со резултат  16-15 кој стоеше на семафорот во спорскиот центар “Јане Сандански“.

03

Вториот дел го почнавме со интервенција на Џамбо и гол на Вуко Борозан со кој првпат поведувме со два гола, 17-15 во 32 минута од дуелот.  Пик Сегед успева брзо да се врати на реми и со два гола изедначува на 17-17 по само 60 секунди. Во Јане Сандански денес владее одлична атмосфера , Комити се во солидна бројка нивната песна ги носи нашите ракометари во овие тешки моменти кога се игра еден навистина жежок дуел. Во 40 минута со голот на Данил Шишкарев изедначуваме на 20-20. Во 19 минута конечно после погоден пенал и контранапад од страна на Тимур Дибиров одиме на “плус три“ 25-22, што резултираше со минута одмор на унгарскиот тим по оваа наша серија 3-0 откако претходно беше 22-22. Џамбо е брилијантен брани одлично во вториот дели ги корегира нашите грешки во нападот. Во последните четири минути влегувме со предност 28-25 по голот на капитенот Стојанче Стоилов. За само 60 секунди гостите намалија на 28-27 пошто Раул Гонзалес го побара последниот тајм-аут. Докрајот бевме поумешни и со два гола однесовме победа 30-27.

Дибиров Тимур прв стрелец со осум гола, Лука Циндриќ имаше пет погодока.

02