Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Горд сум на моите играчи – Дибиров: Најважно е да победуваме и освојуваме бодови.
Гонзалес: Горд сум на моите играчи – Дибиров: Најважно е да победуваме и освојуваме бодови.

Гонзалес: Горд сум на моите играчи – Дибиров: Најважно е да победуваме и освојуваме бодови.

Вардар успеа да добие уште еден натпревар во лигата на шампионите и да ја продолжи победничката серија. Вечерва во спортскиот центар Јане Сандански падна екипата на Пик Сегед. Противникот пружи доста силен отпор како и што се очекуваше. Во најголем дел мечот беше неизвесен, но сепак Вардарци го засилија темпото на игра кога беше најпотребно. На крајот славевме триуф со резултат 30:27. Со овие нови бодови остануваме на делба на првото место со екипата на Киелце, која исто така е со максимален ефект. По завршување на мечот на прес-конференцијата се обратија тренерот Гонзалес и Дибиров.

Сакам да и честитам на екипата на Пик Сегед и нивниот тренер. Тие вечерва одиграа добар натпревар, но сепак ние бевме подобри во завршницата и ги освоивме бодовите. Во Првото полувреме не игравме добро во одбраната, која не ни функционираше на потребното ниво.По завршување на првиот дел потенцирав во соблекувалната дека мораме да се подобриме во одбраната, ако сакаме да го победиме Пик Сегед. Голема заслуга за победата има и голманот Милиќ, кој потпомогнат од одбраната имаше неколку добри интервенции. Благодарение на тоа дојдовме до лесни голови од контранапади и си создадовме солидна предност. Горд сум на моите играчи за борбата и за квалитетната игра, осум бода од првите четири кола е одличен резултат. Сепак мораме да продолжиме со напорна работа за победничката серија да ја продолжиме и следниот викенд против Загреб, рече Гонзалес.

Дибиров одигра одличен натпревар постигнувајќи на крајот осум голови, со што беше најефикасен играч во нашите редови.

-Секогаш натпреварите со Пик Сегед биле тешки, знаевме и сега дека нема да биде лесно. Така беше и минатата сезона кога ги победивме со 3-4 голови разлика. Сакам да им честитам на мојот тренер и соиграчите за добрата игра и борбеноста. За нас секој бод е важен. Не е важно дали ќе ги добиваме натпреварите со еден, пет или десет голови разлика, битно е да победуваме и освојуваме бодови. Пик Сегед е екипа која од година во година се повеќе расне и ова е многу значајна победа за нас. Ако сакаме да одиме понапред од минатата сезона, мора да победуваме, изјави Дибиров