Екипата на РК Вардар 2 стигна до втората пролетна победа во рамките на првата ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски славеа на гостувањето во Гевгелија, против екипата на Партизан. Ова беше инаку втор триуф во дуелите со овој противник, откако во есенскиот дел славевме со резултат 44:14.
На денешниот натпревар, домашниот тим добро го отвори натпреварот и по пет минути игра имаа изненадувачко водство од 4:0. Разлутени Вардарци им требаше малку време да се освестат и да започнат да ја играат својата игра. Во наредниот период, црвено-црните прават неверојатна серија од 1:9 и поведуваат со 5:9. До крајот на првиот дел постојано имавме водство, кое на полувреме беше изразено со само два гола (9:11). Само едно полувреме успеа да даде отпор домашниот тим, во вторите 30 минути дојде до целосен израз квалитетот на Вардарци, кои како одминуваше натпреварот се повеќе го зголемуваа водството. На крајот конечниот резултат гласеше 23:31. На овој меч настапивме без капитенот Дамјан Трајковски.
Дури четири ракометари во нашиот состав постигнаа по 5 голови. Тоа беа Стефан Крстевски, СтефанЧакалиќ, Алија Амзоски и Никола Димитров. Марко Мишевски додаде 4, додека Томче Стојановски 3 гола.