Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Шампионската генерација на РК Преспа 2002/03 со нова ракометна лекција за противниците во “Јуниор“ лигата
Шампионската генерација на РК Преспа 2002/03 со нова ракометна лекција за противниците во “Јуниор“ лигата

Шампионската генерација на РК Преспа 2002/03 со нова ракометна лекција за противниците во “Јуниор“ лигата

Во последниот натпревар од денешната програма во ракометната “Јуниор“ лига, кај генерација родени 2002/03 година се сретнаа екипите на Опш.Кисела Вода 1 и Преспа од Ресен.

Избраниците на Иван Ангелковски ја оправдаа фаворитската улога и уште на стартот на натпреварот најавија дека бодовите заминуваат во Ресен. Започнаа со серија од пет погодоци, за ведша да се одлепат резултатски од екипата на Кисела Вода. До крајот на првото полувреме, Преспа го зголемуваше водството и на одмор замина со водство од 5:12.

Стартот на второто полувреме им припадна на Кисела Вода 1 кој направи серија од 3:0 и го намали резултатот на 8:12. Сепак на ова избраниците на Ангелковски вратија со пет последователни голови, за повторно да имаат убедливи 8:17, а набргу и двоцифрена предност од 9:19. Последните 13 минути од натпреварот беа рутина за Преспа, кои само ја зголемуваа предноста, за на крајот да слават со резултат 16:28.

Мартин Табаковски постигна 10 голови, додека Михајло Костовски додаде 8. Оваа екипа и оваа сезона е непобедлива и важи за најголем фаворит за освојување на лигата во оваа генерација.