Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Трет пат сезонава совладан Текстилец, младиот состав на РК Вардар 2 продолжува со победи во првата ракометна лига
Трет пат сезонава совладан Текстилец, младиот состав на РК Вардар 2 продолжува со победи во првата ракометна лига

Трет пат сезонава совладан Текстилец, младиот состав на РК Вардар 2 продолжува со победи во првата ракометна лига

Вечерва на Кале се одигра натпревар во првата ракометна лига, помеѓу екипите на Вардар 2 и Текстилец од Штип. Мечот заврши во корист на Вардарци, кои славеа со резултат 35:23. Ова беше и трет триумф против овој противник во оваа сезона. На два пати ги победуваме во рамките на лигата, додека еднаш славевме и во рамките на осминафиналната група.

Натпреварот со гол го отвори Ѓоршоски, по што следуваше лоша серија на двете екипи, кои беа без гол во следните четири минути. Марко Мишевски беше вториот играч во редовите на Вардар кој погоди за водство на нашиот состав од 2:0. На голот почна Јагош Брауновиќ кој бранеше одлично. Следеа нови два погодоци за избраниците на Петковски за веќе водство од 4:0, додека првиот гол противникот го постигна во 8 минута за намалување на 4:1. Во десеттата минута имавме предност од 7:2 и истава разлика ја одржувавме до 15 минута. На средината на првиот дел нашиот тренер направи хокејарски измени и внесе нова постава на теренот. Со двојна одбрана на Брауновиќ и со погодок на нововлезениот Дамчески, Вардар има водство од 9:4, а веќе во следниот напад погодува и Стојановски за највисоки шест гола (10:4). Во следните пет минути се играше гол за гол, а нашиот состав ја одржуваше предноста. Прв гол и за пикерот Мицаноски за резултат 13:7. До крајот на првото полувреме го зголемуваме водството и со голот на Стојановски на одмор заминуваме со високи 17:10.

17499536_1287277247985785_3442295325698817178_n

Вториот дел започна со гол на Мишевски за веќе убедливи 18:10. Најубавиот момент на денешниот натпревар беше дело на Стоилевски и Мишевски, кои изведоа цепелин акција, која во гол ја претвори Марко Мишевски за водство од 19:10. По пет минути игра имавме водство од 22:13, по што следеше серија на Текстилец од 0:3, за намалување на 22:16. Серијата ја прекинува Стојановски, а следни уште еден гол на Вардар, за зголемување на 24:16. Во 52 минута, Стефан Апостоловски за прв пат на мечот носи двоцифрена предност за Вардар од 29:19. Следуваат и сврзани погодоци на крилото Дамчески кој денес одигра одличен натпревар. Последните пет минути беа само одбработување на мечот, на кој славеме со конечен резултат 35:23.

Стефан Чакалиќ постигна 5 голови, додека Филип Дамчески, Марко Мишевски и Томче Стојановски додадоа по 4.Ова беше трета последователна победа во пролетниот дел за екипата на РК Вардар 2. Со овој триумф ја продолжуваме борбата за првото место, со екипата на Младост од Богданци.

РК Вардар 2: Петковски, Дамчески 4, Чакалиќ 5, Крстевски 3, Мишевски 4, Трајковски 2, Апостоловски 3, Гичев 1, Лазов 2, Мицановски 2, Ѓоршоски 3, Брауновиќ, Стоилевски 1, Стошиќ, Амзоски 1, Стојановски 4.