Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинското ракометно дерби убедливо му припадна на Вардар, кој со двоцифрена разлика го победи Еурофарм Работник
Младинското ракометно дерби убедливо му припадна на Вардар, кој со двоцифрена разлика го победи Еурофарм Работник

Младинското ракометно дерби убедливо му припадна на Вардар, кој со двоцифрена разлика го победи Еурофарм Работник

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра младинското ракометно дерби помеѓу екипите на РК Вардар и Еурофарм Работник. Далеку поуспешна беше екипата на Вардар, која славеше со двоцифрена разлика од 32:22.

Првите два гола на натпреварот по еден на двете страни беа од ударите од седум метри, а за нас прецизен беше Ален Ќосевски. Следните два гола на натпреварот беа дело на нашиот бек, Васе Наков кој му носи предност на Вардар од 3:1. До крајот на првото полувреме црвено-црните имаа постојно водство. За момент гостинската екипа го намали резултатот на 3:2, но црвено-црните вратија со серија од четири последователни голови, за највисоката предност од пет голови разлика (7:2) во 10 минута од натпреварот. Најзаслужни за ова почетно солидно водство беа Бикоски, Ќосевски и Мисаилески кои ја погодуваа противничката мрежа.

vardarfans-pobeda

Противникот не му дозволи на Вардар уште на стартот да се одлепи на поголема разлика , па со два гола во серија намали на 7:4. Сепак на сцената стапаува нашето десно крило, Ален Ќосевски кој погодува три пати во серија од својата позиција и му носи предност на Вардар од највисоки шест гола, или резултат од 10:4 во 16 минута од мечот. Во следните шест минути, екипата на Работник успева да направи серија од 2:6 и во 22 минута да намали на само два гола негатива (12:10:0. Тоа беше знак за нашиот тренерски тандем, Чивлачки-Грчевски да повика минута одмор. До крајот на првиот дел се играше гол за гол на двете страни, но сепак нашиот состав заминува на полувреме со предност од 15:12.

vardarfans-mladinci

Вториот дел започна со гол на Вардар и тоа за Мисаилески за резултат 16:12. Црвено-црните благодарение на неколку сврзани одбрани на Марко Кизиќ успеваат во 38 минута да поведат со највисоки седум голови (20:13) и и тоа со голот на бекот, Тони Атанасовски. Претходно од крило погоди и Христи Бикоски. Продолжуваме да го полниме голот на гостите, а денес Ќосевски е дефинитивно непогрешлив и со негов нов гол веќе водиме со високи 21:13. Протвникот ја прекинува лоша серија и постигнува гол после седум минути игра и тоа со два сврзани погодоци за намалување на 21:15. Но ние го имаме расположениот Ќосевски кој продолжува немилосрдно да ја полни мрежата на Работник, за резултат 22:15. Работник нема одговор за нашата игра, нова одбрана на Кизиќ кој им овозможува на своите соиграчи да зголемат на 24:15. На осум минути пред крајот имавме и двоцифрена предност од 26:16, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој натпревар. Два гола постигна и нововлезениот Александар Нанов, додека на голот шанса доби и Александар Тушев кој забележа три одбрани. Последните пет минути беа рутина за Вардарци кои славеа со резулат 32:22.

vardarfans

Најефикасни во нашиот состав беа Ален Ќосевски со 8 и Антониј Мисаилески со 5 голови.

РК Вардар: Ќосевски 8, Динев 2, Антевски, Миланов, Милошески 4, Тушев, Атанасовски 2, Биковски 1, Кизиќ, Олтовски 1, Нанов 3, Николов 1, Стојановски, Мисаилевски 5, Мајсторовски 2, Наков 3.