Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > НОВА ТИТУЛА!!! ВАРДАР ПО 14. ПАТ Е ШАМПИОН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!!
НОВА ТИТУЛА!!! ВАРДАР ПО 14. ПАТ Е ШАМПИОН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!!

НОВА ТИТУЛА!!! ВАРДАР ПО 14. ПАТ Е ШАМПИОН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!!

Ракометарите на Вардар 1961 на доминантен начин стигнаа до 14. титула во домашната лига, откако попладнево на домашен терен многу лесно и убедливо го совладаа градскиот ривал Металург со резултат 39-27 (21-10).

Противникот парираше добро во почетните 15-сетина минути од дуелот, потоа Вардар ја зеде работата во свој раце и со одлична игра успеа буквално да го реши натпреварот уште на полувреме и да го реши новиот шампион на Македонија. Во 15.минута од дуелот беше 8-9 за гостите, потоа веќе во 20.минута преку Георгиевски, Вардар дојде на 15-9, највисоки плус шест. За одбележување беше и 25.минута, кога вардарци дојдоа и на 17-9, веќе недостижна предност. До крајот на полувремето Вардар одигра уште по добро, па така на пауза замина со дури единаесет голови предност, 21-10. Да напоменеме дека во салата беше и новиот тренер на тимот, Вујовиќ – кој го следеше натпреварот.

rkv

Во вториот дел, во 35.минута резултатот гласеше 24-12 за Вардар. Тука шанса добија и неколку играчи со помала минутажа кои исто така се покажаа во добро светло. На 20.минути пред крајот, со голот на Векиќ, Вардар дојде и до 27-15. На половина од вториот дел, Вардар имаше сигурна предност од десет гола, а во нападот играа младите Јагуриновски, Векиќ, Карапалевски. Следуваше мини серија на противникот, за минус осум во 48.минута од дуелот. На пет минути до крајот Вардар имаше сигурна предност од 35-25. Во последните пет минути само рутински се приврши дуелот кон крајот.

ЧЕСТИТКИ ДО СИТЕ ВО РК ВАРДАР 1961 ЗА ОСВОЕНАТА ДВОЈНА КРУНА !!!