Пред точно две години, тимот на РК Вардар успеа по втор пат во својата историја да ја освои Европската титула. На денешен ден се одигра големото финале во Келн, во кое се сретнаа нашиот Вардар и екипата на Веспрем. Избраниците на Гарсија Парондо славеа во финалниот дуел со резултат 27:24.
По дуелот, следуваше лудо славје низ скопските улици, а потоа и на Плоштадот. Цело Скопје ечеше од вардарови песни.
Погледнете го ова видео ТУКА и потсетете се на овие незаборавни моменти.