Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Со нова убедлива победа, пионерите на РК Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната со максимален број на освоени бодови
Со нова убедлива победа, пионерите на РК Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната со максимален број на освоени бодови

Со нова убедлива победа, пионерите на РК Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната со максимален број на освоени бодови

Пионерите на ракометниот клуб Вардар со победа го завршија есенскиот дел од сезоната. Во рамките на својата група 3 од пионерската лига, утрово избраниците на Зоран Петковски убедливо ја совладаа екипата на Рисови.

Немавме никакви проблеми да славиме на овој дуел, а самиот податок што домашниот тим во првото полувреме постигна само два гола, говори за случувањата на теренот. Вардар отвори со предност од 0:5, додека тимот на Рисови успеа да намали на 2:6. Сепак, до крајот на првото полувреме, односно цели 13 минути, противникот не успева да ја погоди нашата мрежа, додека вардарци го полнеа голот на Рисови, за на полувреме да имаме убедлива предност од 2:18.

Продолживме фуриозно и во второто полувреме, кога продолжи нашата серија од 0:3, за веќе да имаме високи 2:21. Во второто полувреме, екипата на Рисови малку ја подобри својата ефикасност кога успеа да постигне пет голови, но сепак недоволни да се избегне високиот пораз. На крајот, пионерите на Вардар славеа висока победа со резултат 7:37.

Ова беше вкупно деветта победа од исто толку одиграни мечеви во есенскиот дел за избраниците на Зоран Петковски, кои како првопласирани ќе „презимат“ во својата група.

Сипковски беше наш најефикасен игра со 7 постигнати голови, додека по 5 постигнаа Алексовски, Аритонов, Ристевски, Симоновски, Тодоровски и Спасовски.