Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Висока победа против Алушовски, за крај на есенскиот дел, ЖРК Вардар ќе „презими“ на третото место
Висока победа против Алушовски, за крај на есенскиот дел, ЖРК Вардар ќе „презими“ на третото место

Висока победа против Алушовски, за крај на есенскиот дел, ЖРК Вардар ќе „презими“ на третото место

Денес во С.Ц. Јане Сандански, екипата на ЖРК Вардар го одигра последното есенско коло во најсилната супер лига. Издвојуваме триумф кој беше вкупно 9. во оваа полусезона, совладана беше екипата на Алушовски, со убедливи 55:25.

79738872_10215815780609650_8348179940994187264_o 78926118_10215815779289617_1855502073181765632_o

На почетокот ривалот отвори со два гола за почетни 0-2 по 2.минути ракомет, веднаш ние изедначивме преку Милица Николиќ во 4.минута на 2-2. Заигравме подобро во одбраната, со два врзани гола на Ива Јаковчевска направивме целосен пресврт и поведовме со 4-2. Сепак екипата на Алушовски врати со два погодоци и успеа да го израмни резултатот. Вардар беше тимот кој диктираше темпо на овој меч, па со нов гол на Јаковчевска најпрво успеавме да поведеме со 9:6, додека добрата игра во одбраната ни овозможи контра-напад, која во гол ја претвори Ана Марија Коларовска за највисоки 10:6 во 11 минута од дуелот. Имавме прилика преку Николиќ и Ѓорѓиевска да го зголемиме резултатот, откако не погодивме два зицери, најпрво Николиќ ја погоди пречката, додека Ѓорѓиевска не успеа да го совлада гостинскиот голман, кој одлично одбрани. Екипата на Алушовски се поретко наоѓаше ситуација да ја пробие нашата одбрана, Грујовска одбрани  неколку удари, потоа нова техничка грешка направи противникот, што ни овозможи брза контра која во погодок ја претвори Николиќ за највисоки 13:7 во 16 минута, додека претходно погоди и денес непогрешливата Ива Јаковчевска која имаше стопроцентна реализација. За прв на мечот беше побаран тајмаут и тоа од страна на противничката екипа, која на клупата е предводена од поранешната ракометарка на Кометал Ѓ.П, тоа е Наталија Тодоровска. Не се променија многу работите за гостинската екипа, вардарки беа во серија па со нов гол на Коларовска зголемија и на 15:7. Полека се насетуваше и двоцифрена предност за разиграните вардарки, кои со голот на Стефанија Ѓорѓиевска имаа предност од 19:10. Тоа и се случи на три минути пред крајот кога, Грујовска одбрани, Коларовска додаде до Ѓорѓиевска која од својата позиција погоди за 22:12, а со голот на истиот играч имавме и водство од 23:12. На одмор заминавме со 24-14.

79089561_10215815781529673_225377214856691712_o 78761411_10215815779569624_5331601942592356352_o 74531605_10215815782209690_944777017096667136_o 76921756_10215815779009610_444629016075304960_o

Вториот дел започна со по два гола за почетни 26-16 по само 5.минути ракомет. Вардарки влегоа во нова серија па со головите на Трпевска и Николиќ имаа предност од 30:17. На нашиот гол во вториот дел застана и Јована Трајкоска која успева да одбрани зицер удар на противничкиот играч. Застана противникот на 20 голови, додека вардарки беа немилосрдни во својата реализација, погодувавме преку Миновска, Паковска и Трпевска со два погодоци во серија, за резултат 41:20 во 48 минута од мечот. Зад името на Јована Трајкоска одбележуваме уште неколку успешни одбрани. Тренерскиот тандем на клупата на Вардар, Ристова и Црвенковска им даваа шанса за игра на сите ракометарки кои денес се најдоа во ростерот за овој натпревар. Константно растеше водството, погоди Миновска за 50:25. На крајот конечниот резултат гласеше 55:25.

78809596_10215815777609575_1770013854416240640_o 78390581_10215815780889657_805330819248816128_o

Најефикасни во нашиот состав беа Ивона Трпевска и Ива Јаковчевска со по 8 голови, додека 7 постигна Стефанија Ѓорѓиевска и Милица Николиќ. Миновска Сара постигна 6, додека Ана Марија Коларовска 5 голови колку и Паковска Јана. На голот, Трајкоска имаше 10 одбрани, додека Грујовска заврши со 5 интервенции.