Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Нова лекција за Грците, пионерите на РК Вардар го “преслушаа“ и Дукас од Атина, на турнирот во Грција и обезбедија полуфинале

Нова лекција за Грците, пионерите на РК Вардар го “преслушаа“ и Дукас од Атина, на турнирот во Грција и обезбедија полуфинале

Утрово пионерите на РК Вардар го одиграа вториот натпревар на турнирот во Грција. Избраниците на Андријана Будимир беа убедливи и против екипата на Дукас од Грција, која ја совладаа со резултат 16:24.

Противникот прв го отвори резултатот на овој меч, за почетно водство од 1:0, но Вардарци вратија со четири голови во серија. Прва предност од 1:2 ни носи Никола Жерновски, додека со голот на Давид Савревски во 6 минута црвено-црните стигнуваат до водство од 1:4. Треба да се напомене дека од самиот старт на натпреварот на голот го имавме одличниот Ненад Ангеловски кој оствари три одбрани. За момент тимот  на Дукас го намали резултатот на 2:4, но Вардарци повторно фуриозни во своите напади прават нова серија и во 9 минута од мечот стигнуваат до пет голови разлика (2:7). Одлично игравме во овој дел од натпреварот, каде игравме цврсто во одбраната, додека во нападот делувавме разновидно постигнувајќи голови од различни позции. И во следните пет минути ја одржувавме оваа разлика и имавме целосна контрола на резултатот, а истиот се зголеми за прв пат на шест позитива, откако два гола во серија постигна Жерновски, за предност од 6:12. До крајот на првото полувреме по три голови на двете страни, за на одмор да се замине со резултат 9:15. За одбележување е дека последните три гола во нашиот тим ги постигна Бојан Чакалиќ.

Второто полувреме започна со гол на нашиот пикер Димчески, за веќе убедливи 9:16. Противникот цели седум минути се мачеше да го пронајде патот кон нашата мрежа и да намали на 10:17. Следиме нова одлична интервенција на нашиот голман, Ангеловски кој денес е на висина на задачата. Со новиот погодок од седум метри на Жерновски, Вардар во 43 минута од натпреварот стигна до највисоки осум голови (12:20), по што веќе се наѕираше победникот на овој меч. Само минута подоцна со нов гол на Чакалиќ, избраниците на Будимир имаа и двоцифрена предност од 12:22. До крајот шанса за настап добија сите ракометари од клупата, а конечниот резултат гласеше 16:24.

17858146_793718974136739_941204117_n

За овој триумф нашите пионери си обезбедија пласман во четвртфиналето и ќе играат со второпласираниот од другата група.