Новата сезона во СЕХА-лигата треба да стартува на 10.октомври, така одлучија челните луѓе на ова натпреварување. За разлика од минатата, оваа сезона СЕХА-лигата ќе брои десет екипи кои ќе бидат поделени во две групи.
Вардар ќе биде дел од групата А во која се уште и екипите на Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе Нашице. Другата група ја сочинуваат Еурофарм Пелистер, ППД Загреб, Брест Мешков, Веспрем и Металопластика.
Екипите на ЦСКА Москва и Пекинг Универзитет нема да се натпреваруваат во новата сезона. Во следниот период треба да се знае и со кој противник ќе ја отвориме сезоната.