Нашата армија навивачи се разбира не ја ”собира” во ”Јане Сандански”, па управата се реши да монтира уште две трибини, a со самото тоа и да се зголеми капацитетот на салата. Како што информираше спортскиот портал Sportmedia.mk, веќе е започната изградбата на нова трибина, одма зад едниот гол, а се очекува по истата, да започне и доградба на другата страна, позади другиот гол.
Според најавите се очекува капацитетот да се зголеми над 500-600 гледачи. Ова наидува на поздравување кај армијата Црвено – Црни фанови.