Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Банкарскиот гигант „Комерцијална банка АД Скопје“ ќе биде главен финансиер на вардарци
(ФОТО) Банкарскиот гигант „Комерцијална банка АД Скопје“ ќе биде главен финансиер на вардарци

(ФОТО) Банкарскиот гигант „Комерцијална банка АД Скопје“ ќе биде главен финансиер на вардарци

Актуелниот европски првак Вардар влегува во новата сезона со големи амбиции.

Утре ,,новиот” Вардар ќе го има првиот натпревар пред домашната јавност, а по тој повод денеска од РК Вардар го промовираа и дресот за оваа натпреварувачка сезона.

Дресот уште оваа сезона ќе биде од компанијата „Хумел“ со традиционалните ,,црвено-црни” ленти, но на него сега има сосема поинакви спонзори.

Банкарскиот гигант „Комерцијална банка АД Скопје“ ќе биде главен финансиер на вардарци. Покрај “Комерцијална Банка” , на дресот ќе го пишува името и на ,,Ватростална”, компанијата која е во сопственост на Михајло Михајловски.